Ловџија од Охрид вчера се сaмоповредил со сопствената пушка. Настанот бил пријавен во полиција во 15:50 часот, од страна Градската општа болница, каде што ловџијата пoбарал лекарска помош.
Констатирано е дека повредениот имал огнострелна влезно-излезна рана во пределот на десната надлактица и по првично укажаната помош истиот бил пренесен во болницата Св.Еразмо.
На лице место увид извршиле полициските служби, при што е констатирано дека ловџијата истиот ден околу 14:00 часот се враќал од лов, пеш низ шумата од селото Свињишта и на рамо ја носел ловна пушка кал.12мм, која имала куршум во цевката. Во еден момент тој се излизгал и паднал на земја, при што пушката сама испукала куршум и го повредила.
Од страна на СВР Охрид е одземена ловната пушка и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.











