Одлуката за спроведување на трошоци за комунални услуги за граѓаните изложени на социјални ризици не е предлог на советниците на ВМРО- ДПМНЕ , туку на градоначалникот Александар Петрески, стои во реакцијата од кабинетот на градоначалникот во врска со изјавата на координаторот на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, Дејан Пановски дека точката на дневен ред на 53- та седница е ставена по предлог на оваа советничка група.
– Јавноста треба да знае , дека средствата за реализација на Одлуката за субвенционирање на трошоците за комунални услуги за социјално загрозените граѓани се планирани во Буџетот на Општина Охрид. Затоа, примерно е на утрешната седница , советникот Дејан Паноски да објасни , зошто секогаш пред одржувањето на седниците на Советот на општина Охрид , за ситни политички поени се обидува да ја манипулира јавноста, се наведува во реакцијата.
Пановски: Локалната погрешно ме разбрала
Советникот Дејан Пановски реагираше на изнесените ставови на Локалната самоуправа, која, како што напоменува, погрешно го разбрала.












