Дуелот на “богаташите“ помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити ги помести границите на гледаност на спортски настан во Шпанија. Возбудливиот натпревар кој го одиграа во првата рунда овие две екипи беше проследен од неверојатни 14 милиони гледачи само во Шпанија.


Ваквата гледаност на еден меч претставува апсолутен рекорд до сега од кога се емитува Лигата на Шампиони на шпанските телевизии.

Кога сме кај мечот овие 14 милиони гледачи имаа што да видат, пет погодоци, неизвеснот до самиот крај, гол за победа на Роналдо и незаборавното прославување на Мурињо.

Мх.П.