Навивачите на Баерн Минхен ќе можат да го следат финалниот меч во
Лигата на шампиони, на голем видео бим на „Алијанц Арена“ во Минхен.

Баерн за оваа пригода, за да им излезе во пресрет на своите навивачи,
пушти во промет 45.000 бесплатни билети. Втората локација на која ќе се
следи финалето е центарот на Минхен, на местото каде секој септември
традиционално се одржува Октобер фест.

Инаку, кога Баерн во 2010 година во финалето во Мадрид загуби со 2:0 од
Интер, на „Алијанц Арена“ мечот на ’видео-бим’ го следеле 60.000
навивачи, истото толку симпатизери на Баерн беа на стадионот кога Баерн
лани на домашен терен го загуби финалето од Челзи.

Финалниот натпревар во Лигата на шампиони помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе се одигра на 25.мај на „Вембли“ во Лондон.

“Макфакс“