Иако се најавуваше дека Кристијано Роналдо ќе биде во составот на Реал Мадрид за реванш натпреварот против Борусија Дортмунд во 1/4 финалето сепак тоа нема да се случи.

– Во неделата Роналдо осеќаше помала болка во коленото и го пропушти тренингот. Да бидам искрен незнам дали ќе биде Роналдо во составот бидејќи не сакам да рескирам со неговото здравје. Тој може да настапи само ако биде 100% подготовен и со потврда од докторите – рече тренерот на „кралскиот клуб“ Карло Анчелоти.

Во Германија „лос бланкос“ ќе ја бранат предноста од 3-0 стекната на првиот натпревар одигран пред недела дена на „Сантијаго Бернабеу“.

– Не сакам да верувам дека овој четвртфинален дуел е решен затоа ќе играме како да е 0-0, а не 3-0 за нас. Тие ќе нападнат од сите страни и по поразот на Сантијаго Бернабеу мораат да фрлат на една карта бидејќи само тоа ги остава игра – заврши италијанскиот стратег.

Мх.П.