Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на прес конференцијата одржана во пресрет на осминафиналниот реванш во Лигата на шампиони против Шалке, најави дека мечот ќе го започне со ’шарен состав’.


Реал на првиот натпревар одигран во Гелзенкирхен победи со 6:1, па Анчелоти реваншот ќе го искористи да одмори неколкумина од стандардните играчи. Тој најави дека Хесе и Мотрата ќе играат од самиот почеток.

„Ќе направиме неколку измени во составот, бидејќи неколкумина фудбалери чувствуваат замор од напорната сезона. Хесе, Мората и Роналдо сигурно ќе го започнат натпреварот. Иско исто така треба да стартува против Шалке, сметам дека тој може да одговори на моите барања на теренот“, истакнал тренерот на Реал.

Натпреварот со Шалке, ќе биде подготовка за Реал за големото дерби со Барселона, кое на програмата е на 23.март.

Анчелоти нагласи дека Бензема, нема да биде во тимот против Шалке поради повреда, но дека тој сигурно ќе настапи против Барселона.

“Макфакс“