Англинскиот премиерлигаш Арсенал направи голем чекор кон Лигата на Шампиони откако во првиот натпревар на гостински против Фенербахче забележаа победа 3-0.


„Топџиите“ кои наидоја на пеколен пречек во Истанбул сиот свој бес го истуријата на теренот демолиријќи го „Фенер“. Голеадата ја започна дефанзивецот Киран Гибс во 51-та, во 64-та Рамси зголеми на 2-0 додека конечните 3-0 ги постави Жиру од пенал во 77-та минута.


Резултати : Фенербахче – Арсенал 0-3, Динамо Загреб – Австрија Виена 0-2, Лудогорец – Базел 2-4, Стеуа – Легиа 1-1, Шалке – ПАОК 1-1.

Реванш натпреварите од четвртата квалификациска фаза во Лигата на Шампиони се играат за една седмица.

Мх.П.