Арсенал во реванш мечот од 1/8 финалето, за “влакно“ не успеа да ја анулираат победата  од 4-0 на“росонерите“ остварена на Сан Сиро. “Топџиите“ пред преполниот Емирати со 3-0 го совладаа седумкратниот првак Милан, што не беше доволно за сензација.


Почетокот на натпреварот, наговестуваше драма во 1/8 финалето, “топџиите“ тргна осоколено и во седмата минута го отворија резултатот, одлично изведениот корнер на Росицки, во гол го претвори французинот Кошчиелни. Нов шок за избраниците на Масимилијано Алегри следуваше во 26-та минута, бразилецот Тиаго Силва почетнички изби до Росицки, чешкиот интернационалец не греши и со одмерен удар стрела за 2-0. Пред крајот на првиот дел, Ван Перси од пенал го постигнува третиот погодок за Арсенал,  откако Мезбах го фаулираше Чемберлејн во казнетиот простор. Сите прашања за патникот во 1/4 финалето ќе ги решеше, Ал Шарави ако беше по присебен во истекот на 45-та минута, еѓипќанецот биеше покрај голот на Шчезни.

После паузата, на теренот излезе “нов“ Милан, постабилен. Експлозивноста на Арсенал беше сведана на “нула“. “Двојна“ прилика за погодок “топчиите“ во вториот дел имаа во 60-та минута, прво Жервињо шутираше, Абијати кратко одбрани, топката се одби до Ван Перси, холанѓанецот сакаше да “лобува“ но брилијатниот Абијати спаси чист погодок и го остави Милан во живот. 


Неискористената прилика на капитенот Ван Перси, внесе самодоверба кај “росонерите“ кои рутински до крајот на мечот ја чуваа предноста од првиот меч. Алегри со внеувањето на Аквилани, ја “загуши“ средината на теренот, а Арсенал каскаше за голот што ги делеше од сензација.

Мх.П.