Иако повредата не се покажа сериозна сепак Диего Коста ќе мора да паузира недела дена и ќе го пропушти реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на Шампиони.

– Не можам да играм наредната среда. Многу посакувам, но, за жал неможам да им помогнам на моите соиграчи – кратко се изјаснил за повредата Диего Коста.
Сезонава новопечениот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста е најдобар стрелец на Атлетико Мадрид со 25 погодоци.
Мх.П.











