Екипата на Атлетико Мадрид е првиот патник во Милано од финалето во Лигата на Шампиони елиминирајќи го Баерн Минхен со вкупен резултат (2-2).
„Баварците“ на реванш натпреварот на Алијанц Арената забележаа победа 2-1, но победата на Атлетико без примен погодок 1-0 на првиот меч ги одведе во финалето.
Мечот имаше неверојатен тек. Домаќините после водечкиот погодок на Чаби Алонсо преку Томас Милер не успеаја реализираат удар од белата точка.
Шпанските фудбалери ги изедначија бројките на семафорот со голот на Ентони Гризман во 54-та минута.
Во игра за пласман во финалето германците ги врати Роберт Левандовски во 74-та минута со голот за водство.
„Меч топка“ имаше Атлетико во 87-та минута, но не ја искористи Фернандо Торес кој промаши од белата точка.
До деведесеттата минута домаќините нападнаа, но не најдоа начин да го совладаат по трет пат одличниот Јан Облак.
Противник на „јорганџиите“ во финалето ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити (0-0).
Мх.П.