Павел Атман од Металург и Алекс Душебаев од Вардар се дел од тимот кој ЕХФ го бира после секое одигра коло во Лигата на Шампиони.

Во тимот на колото покрај „македонските“ бекови се наоаѓат голманот Никлас Ландин (Рајн Некар Ловен), пикерот Роберт Гунарсон (ПСЖ), десното крило Патрик Грецки (Рајн Некар Ловен), левиот бек Момир Илиќ (Веспрем) и левото крило Гудјон Валур Сигурдсон (Кил).
Мх.П.











