Баерн Минхен се пласираше во финалето од Лигата на шампиони. “Баварците“ на пенали со 3-1 го совладаа Реал Мадрид. Мечот во регуларните 90 минути заврши со идентични 2-1, па и по продолженијата немаше победник.

Избраниците на Мурињо имаа почетокот од соништа, португалецот Кристијано Роналдо за само 15 миниту постигна два погодоци. Првиот беше од пенал во 4-та минута од натпреварот, вториот погодок Роналдо го постигна по додавањето на Озил.

Познатиот германски менталитет, проработе уште еднаш кога беше најтешко “баварците“ се издигнаа. Холанѓанскиот репрезентативец Арјен Робен, беше прецизен од белата точка и го израмна севкупниот резултат на 3-3.

Вториот дел екипите го започна мошне претпазливо, повеќе мислеа на својот гол него да постигнат погодок кој ќе ги одведе во финалето. Во таквата игра, во израз доаѓаа индувидуланите продори на Роналдо, Бензема во тимот на Реал, односно Рибери и Робен во Баерн Минхен.


Продолженијата поминаа исто како и второто полувреме, 1/2 финалистите со “душа чекаа“ да мечот да заврши и по изведувањето на пеналите да го решат победникот, тоа и се случи.

Пенал рулетот го отвори Алаба, кој погоди за 1-0. Прв на потег во таборот на “кралевите“ беше Роналдо, но Нојер не греши два пати и го скроти ударот на португалецот. Стрелецот на победничкиот погодок од Алијанц Арената, Гомез ја дуплира предноста, а Нојер повторно брани пенал овој пат на бразилецот Кака. Трета серија ја отвора Крос, кој биеше десно но Касилас стигна и го одбрани ударот. Алонсо покажа смиреност, шутираше по средината на голот и го намали резултатот на 2-1.

Капитенот на “баварците“ Филип Лам не го издржа притисокот во четвртата серија, и го врати во Реал во игра, но одма потоа Рамос покажа како (не)треба да се изведува пенал и го промаши целиот гол. Судбината на Баерн Минхен, во петтата серија во рацете ја имаше Швајнштангер кој не погреши го надмудри Касилас и го лансираше Баерн Минхен во финалето пред своите гледачи на Алијанц Арената на мегдан со англискиот Челси.

Големото финале од Лигата на Шампиони на програмата е на 19 мај.

Мх.П.