Европскиот првак Баерн Минхен и лидерот во Ла Лига, Атлетико Мадрид им се придружија на Челси и Реал Мадрид во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони.
Иако „црвените ѓаволи“ имаа предност од 1-0 сепак „баварците“ успеаја со пресврт да победат 3-1 и со севкупен резултат од 4-2 да го елиминираат сеуште актуелен англиски првак.
„Јорганџиите“ пред своите гледачи со 1-0 ја совладаа Барселона и со вкупни 2-1 ги елиминираа каталонците и го продолжија европскиот сон.
Мх.П.