Баерн Минхен на чија „Алијанц Арена“ ќе се одигра годинешното финале, ќе гостува во Франција, кај Олимпик Марсеј. Екипата на Дешамп, со пласманот во четвртфиналето, го постигна својот најдобар резултат во ЛШ уште од 1993 година, кога и ја освои титулата.


Баерн се наоѓа во извонредна форма, во реванш осминафиналниот меч Базел го испрати дома со седум голови во мрежата.

Победникот од овој двомеч за противник во полуфиналето ќе го има победникот од двомечот помеѓу АПОЕЛ и Реал Мадрид.

“макфакс“
Ohridnews