“Златната ера“ на Гвардиола на клупата од Барселона започна токму од Стемфорд Бриџ. Во 2009 година Барселона се сретна со Челси во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони. Првиот натпревар заврши без голови и без победник 0-0.


Реванш мечот во Англија, беше “финале пред финалето“. “Сините“ со погодокот на ганецот Есиен имаа резултат кој ги водеше во финалето на мегдан со Манчестер Јунајтед, но Иниеста со гол во последните секунди од мечот го израмна резултатот и ја лансираше Барселона во финалето.


“Црна точка“ на пласманот на Барселона во финалето остави норвешката тројка на чело со главниот судија Овебро кој ги “осакати“ Челси, недосувајќи 4-5 ситуација за пенал, поништувајќи чисти голови. Михаел Балак и Дидиер Дрогба беа најгласни во протестите после мечот, а УЕФА ги санкционираше со суспензија.

Мх.П.