Барселона и Баерн се првите патници во полуфиналето од Лигата на Шампиони. Баерн до полуфиналето стигна отако и во вториот меч го совлада Марсеј со 2-0. Творец на победата беше хрватскиот интернационалец Ивица Олиќ.

Бранителот на трофејот Барселона со 3-1 го победи Милан и се најде меѓу најдобрите четири во Европа. Мечот од пенал го отвори Меси, надеж дека “росонерите“ може да се останат непоразени донесе Ночерино со голот по половина час игра.

Во финишот на првиот дел на сцена стапи судијата Куперс кој досуди контраверзен пенал кој Меси го претвори во капитална предност од 2-1 на полувремето. Мечот надвор од дофат за Милан го стави Андреас Иниеста на стартот на вториот дел.

Во полуфиналето Барселона ќе игра со подобриот од дуелот Челси – Бенфика (1-0 по првиот меч), додека Баерн Минхен ќе го чека подобриот од мечот Реал – Апоел (3-0 по првиот меч).

М.П.