Вечерва, ќе биде комплетирано петтото коло во Лигата на шампионите. На програмата се натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х. Интересно, ниту еден тим од овие групи сè уште не го обезбедил своето место во осмина-финалето.

Најнеизвесна е ситуацијата во Х-групата, каде што три тима (Ајакс, Челси и Валенсија) имаат по седум бода. Ајакс е фаворит на гостувањето во Лил, а сите варијанти се во игра на дуелот што ќе се игра на „Месталја“ помеѓу Валенсија и Челси.

Дербито е во Ф-групата на „Камп ноу“ помеѓу Барселона и Борусија. Победникот ќе си обезбеди место во наредната рунда. Интер во Прага нема право на грешка против Славија доколку сакаат да стигнат до второто место на табелата.

Интересно може да биде и на „Енфилд“, каде што европскиот првак Ливерпул ќе му биде домаќин на Наполи.

Двојки:

Група Е: Генк – Салзбург, Ливерпул – Наполи

Табела: Ливерпул 9, Наполи 8, Салзбург 4, Генк 1

 

Група Ф: Барселона – Борусија Дортмунд, Славија Прага – Интер

Табела: Барселона 8, Борусија Дортмунд 7, Интер 4, Славија Прага 2

 

Група Г: Зенит – Лион (18:55ч), Лајпциг – Бенфика

Табела: Лајпциг 9, Лион 7, Зенит 4, Бенфика 3

 

Група Х: Валенсија – Челси (18:55ч), Лил – Ајакс

Табела: Ајакс 7, Челси 7, Валенсија 7, Лил 1

OhridNews