Шпанскиот првак, Барселона без најдобриот фудбалер на планетата Лионел Меси ќе гостува на „Селтик Парк“ во втората рунда од Лигата на Шампиони.

Меси, кој неодамна изјави дека атмосфера како што има на гостувањето во Глазгов нема никаде ќе го пропушти дуелот поради повреда на зглобот. Од стројот се очекува Меси да биде отсутен две до три недели.

– Селтик кога игра пред своите гледачи е многу посилен него на гостински терен. Ние сите го знаеме тоа и ако сме без Меси во составот во Шкотска одиме на победа – рече спортскиот директор на Барселона, Андони Зубизарета.

Во првата рунда каталонците на домашен терен го совладаа Ајакс со убедливи 4-0 додека Селтик претрпе пораз на гостувањето кај Милан на „Сан Сиро“ 2-1.

Мх.П.