Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, фудбалерот врска Филип Кутињо и голманот Марк Андре тер Штеген нема да играат на натпреварот од групната фаза во 5. коло од Лигата на шампионите против Ференцварош.

Тројцата фудбалери го пропуштиле денешниот тренинг, а, шпанските медиуми веруваат дека тие добиле слободни денови од стратегот на Барселона, Роналд Куман.

Натпреварот во Унгарија се игра утре со почеток во 21 часот.

Барселона после четири одиграни мечеви има максимални четири победи и 12 бодови, додека унгарскиот клуб со еден бод е последнопласиран во групата.

OhridNews