Баерн по првиот меч се стекна со огромна предност од 4:0 и се чини дека Барселона е пред невозможна мисија.
Од таборот на Баварците предупредуваат дека работата не е завршена и покрај високата предност која ја имаат од првиот меч.
Според Швајншатјгер и Робен, Барселона е екипа која може со леснотија да надополни толку голема негатива.
Шестмина играчи на Баерн ќе мора внимателно да го одиграат овој меч, бидејќи во случај да добијат жолт картон нема да играат во евентуалното финале.
Барселона од друга страна ќе се обиде, ако ништо друго да го поправи впечатокот од првиот натпревар.
Каталонците посакуваат да се повтори мечот од 2009 година кога на „Ноу Камп“ на Баерн за едно полувреме му дадоа четири гола.
Тито Виланова тренерот на Барселона се соочува со сериозни проблеми околу составувањето на тимот, Жорди Алба е суспендиран, Пујол и Маскерано се повредени, а на листата на повредени се наоѓаат и Бускетс и Абидал.
Натпреварот ќе стартува во 20:45 часот, а подобриот од двомечот ќе и се спротистави на Борусија Дортмунд во финалето кое на 25.мај на Вембили во Лондон.