Шпанска Барселона со 3-1 ја победи Борусија Дортмунд и го завери првото место на табелата, a Наполи одигра реми на Енфилд против Ливерпул 1-1, резултат кој им одговара.

Триото на Барселона, Суарез, Меси и Гризман дадоа по еден гол и го решија прашањето околу победникот уште рано во мечот. До крајот Борусија Дортмунд само постигна почесен гол преку Санчо.

Во оваа група Интер со 3-1 славеше на гостувањето кај Славија Прага. Два гола беа дело на Лаутаро Мартинез, а еднаш погоди Лукаку. На мечот имаше многу шанси, две пречки за Интер и два поништени голови.

Во последното коло на Интер му треба победа против Барселона во последното коло која во Милано ќе отиде со решено прашање за првото место.

На Енфилд Ливерпул и Наполи одиграа нерешено 1-1. Елиф Елмас во игра влезе во последните десет минути. Наполи поведе со гол на Мертенс во првото полувреле, Ловрен изедначи во вториот дел. Во другиот меч од групата Е Салцбург со 4-1 славеше на гостувањето кај Генк.

Наполи во последното коло го пречекува Генк кој треба да биде лесен залак за италијанскиот тим, а Ливерпул може да испадне ако загуби на гостински терен кај Салцбург.

Резултати:

Група Е: Генк – Салзбург 1-4, Ливерпул – Наполи 1-1

Табела: Ливерпул 10, Наполи 9, Салзбург 7, Генк 1

 

Група Ф: Барселона – Борусија Дортмунд 3-1, Славија Прага – Интер 1-3

Табела: Барселона 11, Интер 7, Борусија Дортмунд 7, Славија Прага 2

 

Група Г: Зенит – Лион 2-0, Лајпциг – Бенфика 2-2

Табела: Лајпциг 10, Лион 7, Зенит 7, Бенфика 3

 

Група Х: Валенсија – Челси 2-2, Лил – Ајакс 0-2

Табела: Ајакс 10, Челси 8, Валенсија 8, Лил 1

 

OhridNews