Шпанскиот и францускиот првак Барселона односно Пари Сент Жермен им се придружија на Баерн Минхен и Атлетико Мадрид во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.
Каталонците и во вториот натпревар успеаја да го совладаа Манчестер Сити, овој пат со 2-1 и со вкупни 4-1 обезбеди пласман меѓу најдобрите осум.
Водечкиот погодок на Баер Леверкузен не ги поремети плановите на ПСЖ за пласман во 1/4 финалето од ЛШ. Во преостанатиот дел од натпревар направија пресврт, победија со 2-1 и со вкупни 6-1 ја продолжија европската авантура.
Останатите четири патници во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони ќе се комплетираат за една седмица со натпреварите Мен Ју – Олимпијакос (0-2), Челси – Гатасарај (1-1), Дортмунд – Зенит (4-2), Реал Мадрид – Шалке (6-1).
Мх.П.