Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со седум голови од 11 обиди го предводеше тимот на Барселона до победа против македонскиот првак Вардар 30-23 (14-11).


Барселона не стигна така лесно до целиот плен од дуелот со Вардар. „Црвено црните“ рамноправен противник беа цели 40 минути кога со мала помош од судиите ракометарите на Барселона се одлепија и го контролираа резултатот до крајот на мечот.

Фантастична престава имаше голманот на Вардар, Страхиња Милиќ, кој имаше неверојатно 19 интервенции, но и тоа не беше доволно за поволен резултат против разиграните каталонци.

Со шестата победа во седмиот натпревар Барселона го осигура првото место во групата додека на Вардар во последните три кола му преостанува да се бори за едно од местата кои водат во ТОП 16.

Мх.П.