Екипата на Барселона, утре (вторник) во Германија против тимот на Борусија Дортмунд ќе ги започне мечевите во новото издание на Лигата на Шампиони. Во комбинација за утрешниот натпревар е и Лионел Меси, кој нема одиграно ниту една минута од почетокот новата сезона.

Повредата на листот во текот на финалните подготовки го оддалечи Аргентинецот еден месец од терените. Барселона без него во составот претрпе еден пораз и еднаш ремизираше и два пати славеше во натпреварите од Ла лига.

Шпанските медиумите кои најавија дека Меси ќе биде во тимот сметаат дека тој ќе биде на клупата и ќе добие минутажа во зависност од резултатот и ситуацијата на теренот.

Покрај дуелот Борусија Дортмунд – Барселона (21ч) во групата Б силите во Милано ќе ги одмерат Интер – Славија Прага. Мечот на Џузепе Меаца ќе се одигра во 18 часот и 55 минути.

OhridNews