Баерн Минхен фуриозно стигна до десеттото финале во Лигата на Шампиони. “Баварците“ до пласманот во финалето претрпеа два порази од Бате Борисов 3-1 и Арсенал 2-0, со што ја покажаа нивната слабост.


Но, избраниците на германскиот стратег Хуп Хејнкенс од 1/4 финалето натаму не ги повторија грешките кои ги направија преходно.

Во четвртфиналниот двомеч го “преслушаа“ Јувентус 4-0, а потоа беше убедливиот пораз на Барселона на “Алијанц арената“ 4-0, па на Ноу Камп 3-0.

Мх.П.