Голем е влогот во четвртфиналето од Лигата на Шампиони затоа стручњаците на Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, Дејвид Мојс и Пеп Гвардиола на Олд Трафорд ќе истрчаат со нешто позатворени состави.
„Црвените ѓаволи“ ќе бидат со еден истурен напаѓач, а тоа е Дени Велбек во отсуство на Робин ван Перси, наспроти „баварците“ кои Олд Трафорд ќе го освојуваат без „шпци“ тоест со „лажна деветка“ игра која негува шпанскиот стратег.
Манчестер Јунајтед : Де Геа, Џонс, Фердинанд, Видиќ, Бутнер, Керик, Фелаини, Гигс, Валенсија, Руни, Велбек
Баерн Минхен : Нојер, Рафиња, Хави Мартинез, Боатенг, Алаба, Лам, Швајнштајгер, Крос, Рибери, Робен, Милер.
Во вториот четвртфинален натпревар Барселона – Атлетико Мадрид, кој ќе се одигра на Ноу Камп екипите ќе истрчаат со најдобрите фудбалери.
Барселона : Пинто, Пике, Маскерано, Жорди Алба, Даниел Алвес, Фабрегас, Чави, Иниеста, Бускетс, Меси и Нејмар.
Атлетико Мадрид : Куртоа, Годин, Филипе Луис, Хуанфран, Миранда, Тијаго, Арда Туран, Габи, Давид Вилја, Диего Коста.
Мх.П.