Финалистите од Лигата на Шампиони во 2010 година, Интер и Баерн Минхен се пред сериозен испит во реванш натпреварите во 1/8 финалето. На првите мечеви Олимпик Марсеј односно Базел стекнаа минимална предност од 1-0.

Швајцарскиот преставник во Лигата на Шампиони, сезонава приреди големо изненадување откако успеа да го елиминира Манчестер Јунајтед во групната фаза, додека Олимпик Марсеј константо неколку години во низа натпреварите од Лигата на Шампиони ги завршува во 1/8 финалето.

Гиганти од Италија и Германија се на потег, да докажат дека поразите по првиот дуели биле само лош ден, и ништо повеќе.

Мх.П.