ЛШ : Бекам го пречекува Мен Ју, Бензема оди во Лион
16.02.10 12:26
Со натпревартите Милан – Манчестер Јунајтед и Лион – Реал Мадрид вечерва по два месеци пауза ќе продолжи Лигата на Шампиони во фудбал. Натпреварот на Сан Сиро “дерби во осмина финалео со огледот на тоа што се среќаваат клубови кои во последниве 11 години, четири пати, се искачија на европскиот трон.
Во фокусот на вниманието ќе биде играчот од средниот ред на Милан Дејвид Бекам кој во дресот на “црвените ѓаволи“ во 1999 година ја освои Европа. Кај Милан, неизвесен е настапот на Бориело, додека Пато се враќа во тимот.
Во тимот на Алекс Фергусон има многу повредени играчи, а листата на оние кои нема да може да се играат во Сан Сиро ја предводи српскиот интернационалец Немања ВидиЌ.
Милан и Манчестер Јунајтед последен пат се сретнаа 2007 во полуфиналето од Лигата на Шампионите, тогаш Милан славеше со 3-0 а потоа во финалето го победи Ливерпул со 2-0 и ја освои титулата.
Во вториот вечерашен дуел ќе играат Лион и деветкратниот освојувач Реал Мадрид.На Жерлан се враќа миленикот Карим Бензема, но во противнички дрес.Реал осетно се засили летото и со доведувањето на Кака, Роналдо, Алонсо и Арбелоа очекува да се врати на врвот на Европа.
Во другите натпревари, во осмо-финалето играат: Баерн – Фиорентина, Порто – Арсенал (среда), Штутгарт – Барселона, Олимпијакос – Бордо (23 февруари), ЦСКА Москва – Севиља и Интер – Челзи (24 февруари).
Поради временските услови одложен хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески – Тачо“ кој требаше да се одржи утре Организаторите најавуваат дека дополнително ќе биде соопштена датата ...
Во спортската сала „Билјанини Извори“ вечерва ќе се одиграат завршните натпревари од турнирот во футсал Ohrid FREED 2025, со кои ќе биде ставена точка на уште едно успешно издание исполнето со изво...
Ракометарите на Охрид во рамки на единаесеттото коло од Супер лигата во сабота, 8 ноември, ја пречекуваат екипата на Пролет Пролет е една искусна екипа која знаеше да не изненади во претодните годи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.