Фудбалерите на ПАОК приредија големо изненадување во третата рунда од квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони елиминирајќи ја португалска Бенфика. „Црно белите“ на домашен терен со 2-1 го совладаа некогашниот првак во ЛШ.

Погодоците на „Тумба“ стадионот во Солун паднаа во второто полувреме. Домаќините во 63-та минута поведоа со голот на Џинаолус, а на 2-0 зголеми Живковиќ. Гостите од Португалија во финишот намалија на 2-1, но не успеаја да постигнат уште еден погодок.

Победи и пласман во плејофот обезбедија Динамо Киев и Гент кои славеа во дуелите со АЗ Алкмар (2-0) односно Рапид Виена (2-1).

Резултати:

Динамо Киев – АЗ Алкмар 2-0

ПАОК – Бенфика 2-1

Гент – Рапид 2-1

OhridNews