Македонскиот вицепрвак, Металург ја забележа четвртата победа во групната фаза од Лигата на Шампиони победувајќи го Татран Прешов во Скопје со 26-20 (11-10).


Натпреварот во спортската сала Борис Трајковски го одбележаа Филип Талески и Филип Кузманоски. Првиот одигра клучна улога во триумфот со десет погодоци додека вториот предвреме го заврши мечот поради скршеница на раката.


„Металурзите“ со победата над Татран обезбедена со маестралната игра во вториот дел се приклучија на врвот од табелата и се вратија во игра за местата кои водат во нокаут фазата.

Покрај Талески ефикасен меч во нападот одиграа Обрадовиќ и Гуглета кои постигнаа по пет голови, а три реализираше Илиќ.

Фото: Екипа.мк
OhridNews