Фудбалерот на Шахјтор Доњецк, Даглас Коста го постигна најубавите погодок во петтата рунда од Лигата на Шампиони. Украинците триумфираа со убедливи 4-0 против Сосиедад, а Коста со „проектил“ од работ на шеснаесетикот стави печат на победата.
Рамо до рамо со Коста може да биде погодокот на Герет Бејл во победата на Реал Мадрид над Галатасарај 3-1. Најскапиот фудбалер со фантастичен шут од слободен удар го матираше турскиот голман.
Мх.П.