Последното коло во А-Д сегментот од Лигата на Шампиони ќе го одбележи борбата за првите места во групите кои ќе донесат полесни противници во нокаут фазата.

Најинтересно ќе биде во Париз, каде ПСЖ ќе го пречека лидерот во А групата Порто. “Светците“ по пет натпревари имаат 12 бодови и со триумф над португалците ќе ја обезбедат првата позиција на табелата.

За прво место ќе се борат Шалке и Арсенал во групата Б. Германците во стартот се во предност бидејќи имаат еден бод повеќе и гостуваат кај Монпеље додека “топџиите“ бодови ќе бркаат против Олимпијакос.

Двојки:

Група А: Динамо З. – Динамо К., ПСЖ – Порто

Tабела : Порто 13, ПСЖ 12, Динамо Киев 4, Динамо Загреб 0

Група Б: Монпеље – Шалке 04, Олимпијакос – Арсенал

Табела : Шалке 11, Арсенал 10, Олимпијакос 6, Монпеље 1

Група Ц: Малага – Андерлехт, Милан – Зенит

Табела : Малага 11, Милан 8, Зенит 4, Андерлехт 4

Група Д: Борусија Д. – Манчестер С., Реал Мадрид – Ајакс

Табела : Дортмунд 11, Реал Мадрид 8, Ајакс 4, Мен Сити 3.

Мх.П.