Според светските букмејкери мали се шансите Манчестер Јунајтед да го изненади Баерн Минхен и да обезбеди пласман во 1/2 финалето.

Коефициентот за победа на „ѓаволите“ на „Алијанц Арената“ е дури 11, пак за реми нешто помал 6,5. За „фикс“ победа на „баварците“ коефициентот изнесува 1,25 што го прави изразит фаворит.

И Барселона, која пред своите гледачи не успеа да го совлада Атлетико Мадрид е фаворит во последниот четвртфинален натпревар.

За победа на каталонците коефициентот е 2,25, за реми е 3,5 додека за триумф на домаќините 3,4.

Мх.П.