Екипата на Флензбург е противник на Барселона во 1/2 финалето од завршницата во Лигата на Шампиони. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат тимовите на Веспрем и Кил.
За влез во големата четворка Флензбург го елиминираше македонскиот првак Вардар додека Барселона беше поуспешна од Рајн Некар Ловен.
Кил, кој беше неприминлива пречка за Металург во 1/4 финалето за влез во финалето ќе се бори со унгарски Веспрем.
Двојки :
Барселона – Флензбург
Веспрем – Кил
Завршницата од Лигата на Шампиони се игра во Келн. Почнува на 29 мај, а завршува со финалниот натпревар на 1 јуни.
Мх.П.