Деветкратниот првак Реал Мадрид и англискиот преставник Челси се првите патници меѓу четирите најдобрите во Лигата на Шампиони.

Најтрофејниот клуб во Шпанија, Реал Мадрид си поигра со нервите на навивачите откако претрпе пораз 2-0 од Борусија Дортмунд и во прашање ја доведе победата 3-0 од првиот натпревар.
Полуфиналистите во Лигата на Шампиони ќе се комплетираат по натпреварите Баерн Минхен – Манчестер Јунајтед (1-1) и Атлетико Мадрид – Барселона (1-1).
Мх.П.











