Со натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х, во среда ќе биде комплетирана првата фаза во фудбалската Лига на шампиони. Во овие четири групи останаа уште три слободни места кои водат во нокаут фазата.

Сите дилеми се решени во Ф групата, каде пласман во осминафиналето изборија Баерн Минхен и Валенсија, додека БАТЕ Борисов ќе игра во Лига Европа.

Најмногу внимане ќе привлечат дуелите во Е групата, каде осминафиналист е Шахтјор, а актуелниот европски првак Челзи се наоѓа пред елиминација. На Челзи му е неопхода победа над Нордсјеланд, но во исто време Шахтјор ќе трба да го совлада Јувентус.

Барса е прва во Г групата, а за второто место се борат Селтик и Бенфика, слична е ситуацијата во Х групата, каде прв е Манчестер Јунајтед, а за второто место ќе решаваат Клуж и Галатасарај.

Група Е:

Челзи-Нордјеланд, Шахтјор-Јувентус

Табела : Шахјтор 10, Јувентус 9, Челси 7, Нордсјеланд 1.

Група Ф:

Баерн Минхен-БАТЕ Борисов, Лил-Валенсија

Табела : Баерн Минхен 10, Валенсија 10, Бате Борисов 6, Лил 3

Група Г:

Барселона-Бенфика, Селтик-Спартак Москва

Табела : Барселона 12, Бенфика 7, Селтик 7, Спартак 3.

Група Х:

Манчестер Јунајтед-Клуж, Брага-Галатасарај

Табела : Манчестер Јунајтед 12, Галатасарај 7, Клуж 7, Брага 3.

“Макфакс“