Челси е новиот првак во Лигата на Шампиони. “Сините“ беа посреќни, поприсебни во изведувањето на пеналите и триумфираа со 4-3. Регуларниот дел од мечот и продолжението завршија без победник 1-1.


Стрпливата игра на “баварците“ се ислатеше во 83-та минута кога Милер со глава го совлада Чех по нафрлувањето на Швајнштангер.

Само две минути го делеа Баерн Минхен од радост пред своите гледачи. Челси израмна во 88-та минута со голот на Дрогба по првиот корнер и првиот упатен удар кон голот на Нојер.

Драмата продолжуваше во продолженијата. Во третата минута од додатните 30 минути, холанѓанецот во дресот на “баварците“ Робен не успеа да реализира пенал. Чех го прочита и го скроти ударот од белата точка на Робен.


szólj hozzá: Cech’s penalty save v Bayern 

После промашениот пенал “баварците“ паднаа психички, а Челси како да посакуваше победникот да се одреди после пенал рулетот.

Пенал серијата ја започна капитенот на Баерн Минхен, Лам кој биеше прецизно. Прв за “сините“ шутираше Мата и промаши. Гомез зголеми на 2-0, а Давид Луиз намали на 2-1. Во третата серија прецизни беа голманот на “баварците“ Нојер и Лампард за Челси. Хрватскиот репрезентативец Олиќ го врати во игра Челси, откако не успеа да го совлада Чех. Левиот бек Кол, не подлегна на притисокот и изедначи на 3-3. 

Во петтата серија, херојот од 1/2 финалниот дуел со Реал Мадрид, Швајнштангер ја погоди стативата. “Спасителот“ на Челси, Дрогба во петтиот пенал, го испрати Нојер на погрешна страна и небото во Минхен го обои во сина боја.

Мх.П.