Екипите на Челси и ЦСКА Москва прокнижија нови три бодови на табелите во Ц и А групите победувајќи ги Карабах (4-0) односно Бенфика (2-0) во петтата рунда од најеминетното клупско натпреварување во Европа.

Сите дилеми околу победникот во Баку разрешение беа после 20 минути кога португалскиот арбитар досуди чисти пенал, но престрого го исклучи капитенот на домаќините, а Хазард го реализираше ударот од белата точка. До крајот на првиот дел Челси го дуплираше водството со погодокот на Вилијан. Во второто полувреме Цеск Фабрегас погоди од белата точка за 3-0, а конечните 4-0 ги постави Вилијан со вториот погодок на мечот.

„Армејците“ со по еден погодок во двете полувремиња ја решија Бенфика која е бледа сенка во фазата по групи оваа сезона. Резултатот во Москва го отвори Ѓорѓи Шчеников, а победата ја потврди Жардел со погодок во сопствената мрежа.

Во стандарниот термин 20:45 часот ќе се одиграа преостанатите шест мечеви со кои ќе се комплетира петтата рунда во групната фаза.

OhridNews