Екипата на Челзи, во четвртфиналето, во Лигата на шампиони, против Бенфика ќе ја брани честа на англискиот фудбал, како единствен преставник на Англија, во завршницата на европската сезона. Противник на Челзи ќе биде Бенфика, а првиот меч ќе се одигра во вторник, во Лисабон.
„Мораме психички да бидеме подготвени за гостувањето во Лисабон. Наша цел е да не примиме гол, а би било сјајно доколку ја затресеме мрежата на противникот“, рече менаџерот на „сините“, Роберто ди Матео, кој откако го наследи Вила-Боаш на клупата има 4 победи и по едно реми и пораз.
„Натпреварите во Европа се разликуваат од оние кои ги играме во домашното првенство и тука има малку место за поправен. Бенфика е сериозен тим и тоа оваа сезона веќе го покажа“, дополни Ди Матео.
Челзи досега пет пати успевал да ја мине четвртфиналната фаза, но само еднаш играл во големото финале.
Бенфика во натпреварот со Челзи влегува со серија од десет мечеви без пораз. Оваа сезона, во фазата по групи одиграа две средби со Манчестер Јунајтед, во Лисабон 1:1 и во манчестер 2:2.
Сепак традицијата е против Бенфика, на последните три четвртфинални соочувања со англиските клубови има запишано три порази.
„Задоволни сме што за противник го добивме Челзи, затоа што сакавме да ги избегнеме Реал и Барселона“, изјави предводникот на Бенфика, Жорге Хесус.
Можни состави:
Лисабон: Мораеш – Макси Переира, Луизао, Жардел – Витсел, Хави Гарсија, Гаитан, Нолито – Аимар, Кардозо
Челзи: Чех – Босингва, Давид Луиз, Тери, Кол – Лампард, Рамиреш, Меирелеш – Мата, Дрогба, Стариџ.
“макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com