Ракометниот клуб Металург со пораз од Мотор Запорожје 30-22 (16-11) ги заврши мечевите на домашен терен за оваа сезона во Лигата на Шампиони.

„Металурзите“ пред очите на Лино Червар кој мечот го проследи од трибините одиграа слаб натпревар и на гостите им овозможија лесна победа вредна пласман во нокаут фазата.

Ракометарите на Металург дуелот го загубија уште непочнат, откако на гостинските раометари им дозволија серија од 5-1. Разликата од тој дел се одрази и на полувремето кое заврши (16-11).

Во второто полувреме Мотор Запорожје не само што ја задржа предноста туку ја зголеми за четири голови за убедлива победа (30-22).

После мечот на официјалната пресконференција тренерот Александар Јовиќ ги опомена своите ракометари дека не ја користат шансата што играат во Металург и во Лигата на Шампиони.

Фото: Гол.мк
OhridNews