Фудбалерите на Црвена Ѕвезда на домашен терен пред своите гледачи во четвртата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони го пречекуваат англиски Тотенхем.

 

„Црвено белите“ на „Рајко Митиќ“ стадионот ќе имаат задача да се поправат и да го обелат образот за високиот пораз (5-0) во натпреварот одигран во Лондон. Голем адут на Црвена Ѕвезда е домашниот терен и фантастичните навивачи кои приредуваат атмосфера за паметење.

Тотенхем се уште не е целосно излезе од резултатската криза а Црвена Ѕвезда со триумф може сериозно да се замеша за втората позиција во групата. Мечот во Белград се игра во 21 часот.

Вечерашните возбудувања ќе ги најават натпреварите Баерн Минхен – Олимпијакос односно Локомотив Москва – Јувентус кои ќе започнат во 18:55 часот.

Двојки:

Група А: ПСЖ – Клуб Бриж, Реал Мадрид – Галатасарај

Табела: ПСЖ 9, Реал Мадрид 4, Клуб Бриж 2, Галатасарај 1

 

Група Б: Баерн Минхен – Олимпијакос (18:55ч), Црвена Ѕвезда – Тотенхем

Табела: Баерн Минхен 9, Тотенхем 4, Црвена Ѕвезда 3, Олимпијакос 1

 

Група Ц: Аталанта – Мен Сити 21ч, Динамо Загреб – Шахјтор Доњецк

Табела: Мен Сити 9, Шахјтор Доњецк 4, Динамо Загреб 4, Аталанта 0

 

Група Д: Локомотив – Јувентус (18:55ч), Баерн Леверкузен – Атлетико Мадрид

Табела: Атлетико Мадрид 7, Јувентус 7, Локомотив 3, Баер Леверкузен 0

OhridNews