Италијанскиот првак, Јувентус во последната рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони гостува во Турција кај екипата на Галатасарај. Фудбалерите на Јувентус за пласман понатаму треба да останат непоразени, а на домаќините само победа им одговара за понатамошен пласман.


– Игравме решавачки мечеви и претходно, а сигурно е дека вакви натпревари ќе играме и во иднина. Ни одговара и нерешен резултат, но нема да тактизираме сакаме да победиме. Нашиот противник има одлични играчи, Весли Санјдер и Дидие Дрогба, мора да бидеме внимателни – рече Конте, тренерот на „Старата Дама“.

Двојки :

Група А : Мен Ју – Шахјтор, Реал Сосиедад – Леверкузен

Табела : Мен Ју 11, Шахјтор 8, Леверкузен 7, Сосиедад 1.

Група Б : Копенхаген – Реал Мадрид, Галатасарај – Јувентус

Табела : Реал Мадрид 13, Јувентус 6, Галатасарај 4, Копенхаген 4

Група Ц : Бенфика – ПСЖ, Андерлехт – Олимпијакос

Табела : ПСЖ 13, Олимпијакос 7, Бенфика 7, Андерлехт 1

Група Д : Баерн Минхен – Мен Сити, Викторија Плзен – ЦСКА Москва

Табела : Баерн Минхен 15, Мен Сити 12, ЦСКА 3, Викторија 0.

Мх.П.