игата на шампиони во фудбал продолжува со натпреварите од 4.коло, кои ќе се одиграат во вторник и во среда. Во вторник на програмата ќе бидат дуелите во групите А, Б, Ц и Д, а дербито во Торино ќе го одиграат Јувентус и Реал Мадрид. тимовите на Баерн Минхен, Манчестер Сити и ПСЖ ќе имаат можност по четири кола и теоретски да го обезбедат пласманот во нокаут фазата.

На дербито во Торино, Реал, со победа, ќе си обезбеди пласман во следната рунда, што со голема веројатност ќе значи и елиминација на Јувентус. Италијанскиот шампион е далеку од посакуваната форма, а дополнителен проблем за тренерот Антонио Конте ќе биде и отсуството на Џорџо Кјелни, кој ќе паузира  поради црвениот картон, кој го доби на дуелот помеѓу двата тима во Мадрид.

Двојки :

Група А: Реал Сосиедад-Манчестер Јунајтед, Шахтјор-Баер Леверкузен

Табела: Ман. Јунајтед 7, Баер 6, Шахтјор 4, Реал С. 0

Група Б: Копенхаген-Галатасарај, Јувентус-Реал Мадрид

Табела: Реал 9, Галатасарај 4, Јувентус 2, Копенхаген 1

Група Ц: Олимпијакос-Бенфика, ПСЖ-Андерлехт

Табела: ПСЖ 9, Олимпијакос 4, Бенфика 4, Андерлехт 0

Група Д: Ман.Сити-ЦСКА Москва, Викторија Плзен-Баер

Табела: Баерн 9, Ман.Сити 6, ЦСКА 3, Викторија 0.

 

„Макфакс“