Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски и тимот на АПОЕЛ, ги очекува мечот “да се биде или не“ во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони. Кипарскиот преставник во натпреварувањето пред своите гледачи го пречекува Лион, кој на првиот меч одигран на “Жерланд“ забележа минимален триумф 1-0.


Македонската “седмица“ поради повреда го пропушти пријателскиот натпревар на “црвени жолтите“, а под посебен режим е за дуелот со Лион во историскиот натпревар за АПОЕЛ.

Во екипата на Лион, нема повредени и суспендирани фудбалери.


Мх.П.