Нема по добро да го памети дебитанскиот настап во Лигата на Шампионите, македонскиот првак Билјанини Извори откако претрпе пораз 13-1 од домаќинот на турнирот Пк-Ванта 35.
Покрај убедливиот пораз „сините“ успеаја први да поведат и тоа уште во првата минута од мечот кога погодок во својата мрежа си постигна Порали.
Од тогаш финскиот преставник постигна 13 погодоци и до врв ја наполни мрежата на охриѓанки. Пет голови зад своето име запиша Ојанпера, три Саинен, два Руту по еден реализираа Салми, Фелај и Франси.
Во второто коло охридскиот клуб ќе се сретне со тимот на ПАОК, кој загуби од Парну 3-1 во првата рунда.