Со натпреварите Реал Мадрид – Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“ и Лион – Јувентус на „Парк Лион“ ќе се комплетира првата фаза од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.

„Кралевите“ најдобро го знаат рецептот за играње во нокаут фазата, додека Манчестер Сити во ЛШ ќе бара спас за пропадната сезона во Премиер лигата. Две различни тактики и филозофии ќе се судрат вечерва. Која ќе биде подобра останува да видиме во 21 часот во Мадрид.

Водечката екипа во Серија А, Јувентус го очекува незгодно гостување во Франција кај тимот на Лион. Францускиот состав воопшто не е наивен противник и „старата дама“ сигурно нема лесно да ја оправда фаворитската улога на средбата.

Мечевите се играат во 21 часот.

OhridNews