Хрватскиот првак Динамо Загреб со голот на Домагој Вида во 98 минута го елиминираше Бугарскиот првак Лудогорец , каде работи македонскиот кондиционен тренер Јован Јованоски.

Бугарите имаа предност од 2-1 но ја прокоцкаа и на крајот може само да жалат за пропуштената прилика. И на првиот меч во Бугарија, домаќините примија погодок во 93 минута од мечот што се покажа кобно за нив.