Македонскиот ракометен првак Вардар претпре неочекуван пораз во Белорсуија од Брест Мешков, со 30-26, но благодарение на сплетот резултати кои одат во прилог на “црвено-црните“ првото место во групата е се уште достижно. Вардар остана лидер благодарение на поразите на Рајн Некар кај Целје и Кјелце на гости од Кристијанштад.

Чупиќ и Карачиќ постигнаа по пет голови, Дибиров реализираше четири додека Штербик имаше десет одбран. Во составот на Мешков Брест, Криштопанс и Остроушко постигнаа по осум, Кулак седум, додека голманот Пешиќ имаше 14 интервенции.

Вардар како лидер го пречекува Кристијанштад во Скопје и со победа како првопласиран ќе обезбеди пласман во четвртфиналте од елиминацсиката фаза.