Новиот тренер на Вардар, Дејвис Камара имаше победничко деби на клупата, откако неговите избранички со 39-25 (18-13) го совладаа тимот на Астраханочка.
Со третиот триумф „вардарки“ го обезбедија пласманот во втората фаза по групи, но се уште не се знае од која позиција.
„Црвено црните“ уште на стартот од мечот го скршија отпорот на русинките, за лесна и убедлива победа изразена со 14 погодоци предност на семафорот.
Најефикасна со девет голови беше македонската снаа, Јованка Радичевиќ, пет голови без ниту едно промашување реализираше Камила Херем, а исто толку постигна и Андреа Пенезиќ.
Во составот на Вардар прв пат сезонава настапи Андреа Лекиќ која три пати се запиша во листата на стрелци.
Одлучувачки натпревар ќе биде следниот во петтата рунда каде „вардарки“ ќе се судрат со Ференцварош.
OhridNews