Одличната партија која ја пружи на мечот со Барселона, на вардаровиот среден бек, Игор Карачиќ, му донесоа место во тимот на колото во Лигата на шампиони. Вардар во саботата одигра 29-29 со Барселона, а Карачиќ со седум голови беше најефикасен во својот тим.

Покрај Карачиќ, колото го одбележа и новиот голман на македонскиот првак Инаки Малумбрес, која на мечот имаше 10 интервенции, а една од нив е прогласен за најдобра во првата рунда.

Тим на колото: голман: Димитрије Пејановиќ (Динамо Минск), лево крило: Мануел Штрлек (Киелце), лев бек: Клемент Цехте (Горење), среден бек: Игор Карачиќ (Вардар), десен бек: Холгер Гландорф (Фленсбург), десно крило: Лук Абало (ПСЖ), пивот: Бјарте Мирхол (Рајн Некар Ловен).

„Макфакс“